Тројца учители од Австрија се отпушени зошто одбивале да носат ФФП2 маски за време на наставата, пренесе „Кронен цајтунг“, додавајќи дека со секој од нив имало доста долги разговори за пронаоѓање на решение пред конечниот исход.

Вложени беа доста напори за да го увериме да се придржува до хигиенските и превентивните мерки, но тие беа залудни, се вели во соопштението од Министерството за образование за еден од отпуштените наставници.

Тројца други наставници, пак, на крај попуштиле и ги задржале работните места. Побуната започнала откако на 25 јануари во Австрија стапи на сила наредбата за задолжително носење на овие специјални маски кои ги филтрираат честичките, наместо дотогашните мерки кои дозволуваа памучни маски.

Во меѓувреме во Швајцарија, пак, на муштерија кој одбил да стави маска му е забранет влез во ланецот на супермаркети „Мигрос“ во следните пет години. Откако неколкупати одбил да стави маска во маркет во Луцерн, мажот бил уапсен. Покрај во супермаркетите, негоо му е забранет влезот и во спортските продавници „СпортXX“ и продавниците за мебел „Микаса“, сопственост на компанијата „Мигрос“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.