Данска размислува да ги дистрибуира вакцините против Ковид-19 на Астра Зенека на посиромашните земји откако ја стопира употребата поради загриженост за формирање на појава на тромози, изјави денеска директорот на Светска здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

Данска е првата земја што ја прекина употребата на вакцината против Ковид-19 на Астра Зенека, додека европските власти продолжуваат да ги анализираат извештаите за ретката појава на тромбози по вакцинирањето во земјите-членки а Европска Унија, и во Велика Британија.

СЗО заедно со британските и европските медицински агенции продолжуваат да препорачуваат употреба на вакцината на Астра Зенека, истакнувајќи оти придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците

Официјални лица на СЗО не го критикуваат прекинот на вакцинација со Астра Зенека во Данска, наведувајќи оти секоја нација треба да биде флексибилна во донесувањето одлуки за своите програми за имунизација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.