Високи претставници на НАТО ја оценуваат безбедносната ситуација во Авганистан како „тешка и предизвикувачка“.

Од Алијансата ги повикуват Талибанците да прекинат со нападите.

Ја споделуваме длабоката загриженост со Советот за безбедност на Обединети нации за високото ниво на насилство предизвикано од воената офанзива на Талибанците, вклучително и нападите врз цивили и извештаите за други сериозни прекршувања на човековите права – изјавил неименуван претставник на НАТО за германската новинска агенција ДПА.

Тој додал дека нема воено решение за конфликтот.

Талибанците мора да разберат дека тие никогаш нема да бидат признати од меѓународната заедница ако го отфрлат политичкиот процес и се обидат да ја преземат земјата со сила. Мора да ги прекинат нападите и да учествуваат во мировните преговори со добра волја – изјавил претставникот на НАТО.

Тој ги повикува сите регионални актери да бидат конструктивни, затоа што, како што порачува, стабилен и безбеден Авганистан е во корист на сите.

Од почетокот на повлекувањето на меѓународните трупи на почетокот на мај, Талибанците заземаат град по град и голема територија е под нивна контрола. И покрај тоа, САД, како и Германија, се држат до своите плановите за повлекување од Авганистан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.