Демонстраните денеска ја запалија локалната канцеларија на Парламентот во Басра, а безбедносните сили пукаа во воздух.

Насобраниот народ побара ирачкиот Парламент да го разреши гувернерот на провинцијата откако беа убиени двајца опозициски активисти, а неколкумина повредни во три напади.

Бранот насилство почна минатата недела по убиството на активистот Тахсен Осама, што предизвика тридневни протести, а полицијата употреби боева муниција откако демонстрантите фрлаа молтови коктели врз куќата на гувернерот и блокираа неколку главни патишта.

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими ги отпушти шефовите на полицијата и на националаната безбедност во Басра и нареди истрага поради насилството



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.