Сириските опозициски организации соопштија дека најмалку осум цивили, вклучително и деца, биле убиени во денешното гранатирање на бунтовничката провинција Идлиб.
Како што е наведено, две села биле гранатирани.
Судирите меѓу сириската армија и провладините единици и бунтовниците во предградието на Идлиб се интензивираат во последните неколку недели, и покрај минатогодишното примирје.
Примирјето го договорија Турција и Русија.
Жителите на Идлиб зависат од хуманитарната помош што доаѓа од Турција. Со провинцијата владее исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, поранешен сириски огранок на Ал Каеда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.