Најмалку осум луѓе загинаа во источна Шпанија во бурата Глорија. Невремето е попратено со силни ветришта и бранови во висина до 13,5 метри. Делови од Каталонија биле поплавени со морска пена на копното.

Морската пена, предизвикана од агитација на органска материја во водата, ги поплави улиците на Тоса Де Мар во Џирона. Поради лошите временски услови шпанските власти прогласија алармантни временски услови во неколку региони. Три лица се водат за исчезнати четири дена откако Глорија започна да го поплавува регионот со пороен дожд и обилен снег.

Глорија се смета за најлошото морско невреме од 2003 година наваму.

Локалните власти велат дека вакво нешто не се случило досега.

Не можеме да се сетиме дека некогаш се случило нешто слично, изјави локален градоначалник, Луис Солер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.