Најмалку осум лица загинаа во бурата која го погоди северниот дел на Европа. Бурата е проследена со поројни дождови и силен ветер.

Две пристаништа на Корзика се затворени откако ветрот достигна брзина до 200 километри на час. Откажани се и авионски летови, но изби и шумски пожар со кој се борат повеќе од 300 пожарникари. Околу 2.000 домаќинства на островот останаа без електрична енергија.

Бурата Кјара ги погоди и другите делови на Европа. Искорнати дрвја ги блокираа патиштата и железничките пруги во јужните делови на Германија и Австрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.