По тигрицата Надја од Зоолошката градина Бронкс во Њујорк, уште седум диви животни се позитивни на новиот коронавирус, соопшти Друштвото за заштита на диви животни.
Од Друштвото за заштита на диви животни истакнаа дека три тигри и три африкански лавови покажале симптоми почетокот на април, кога Зоолошката градина објави дека малезиската тигрица Надја е позитивна на Ковид-19, додека еден тигар е позитивен, но нема никакви симптоми.
Сите животни имаат еден симптом, сува кашлица.
Од Зоолошката градина изјавија дека дивите мачки се заразени од вработена која била позитивна на вирусот, но не покажала никакви симптоми
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.