Осудениот каталонски активист Жорди Кушар изјави дека политичарите и активистите осудени на повеќегодишни казни поради улогата што ја имаа во обидот да ја одделат Каталонија од Шпанија во 2017 година ќе се жалат до Европскиот суд за човекови права.

Имаме морална должност да го демантираме овој (шпански) авторитарен став и апелираме до европските граѓани да ги браниме човековите права – наведува Кушар во писмена изјава за АП.

Тој е претседател на активистичката група „Омниум Културал“, која учествуваше во движењето за независност за Каталонија.

Кушар, кој е осуден на девет години затвор, наведе дека осудените мора прво да се жалат до Шпанскиот уставен суд пред да поднесат жалба до Европскиот суд за човекови права.

Тој додаде дека ќе бара амнестија „како решение за овој политички судир“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.