И американскиот министер за внатрешна безбедност, Чад Волф, поднесе оставка од функцијата, со што го зголеми списокот на лица кои предвреме ја напуштааат администрацијата на претседателот Трамп по нередите во Вашингтон. Својата одлука Волф ја објасни во писмо до министерството, до кое пристап имаше Си-Ен-Ен.
Жалам што морав да го направам овој чекор, бидејќи мојата намера беше да му служам на министерството до крајот на мандатот на оваа администрација, напиша Волф.
Наместо Волф, нов министер само неколку дена ќе биде Пит Гејнор. Волф беше на должноста 14 месеци и е последниот од администрацијата на Трамп кој во изминатите денови ја напушта функцијата, иако не е јасно дали неговата оставка е поврзана со минатонеделните инциденти. Оставки, исто така, поднесоа и Бетси Девос, која беше министер за образование и Елејн Чао, која беше министер за транспорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.