На аеродромот во Истанбул е уапсен Самир Хандал, осомничен за атентатот на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз.

Хандал, за кого Интерпол распиша црвена потерница, патувал од САД кон Јордан преку Турција, а е приведен на аеродромот во 6:55 часот по локално време.

Според инструкциите од Министерството за правда, осомничениот со налог за привремено апсење во траење од 40 дена е префрлен во Главното обвинителство „Гази Осман-паша“, а потоа е пратен во затвор.

Претседателот Моиз на 7 јули беше убиен во вооружен напад што група непознати напаѓачи го извела во неговиот дом во Порт-о-Пренс. Потоа привремениот премиер Клод Жозеф прогласи вонредна состојба. Првата дама на Хаити, Мартин Моиз, беше ранета во нападот и однесена во болница во Мајами, каде што беше на лекување.

Група колумбиски платеници се сметаат за главни осомничени иако засега никој не е обвинет или осуден во врска со овој атентат.

Само што разговарав по телефон со турскиот министер, мојот пријател Мевлут Чавушоглу, и се заблагодарив на Турција за апсењето на Самир Хандал, еден од групата важни осомничени во истрагата за атентатот на претседателот Моиз – напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Хаити, Клод Џозеф.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.