Уште тројца адвокати кои ја застапуваа кампањата на претседателот Доналд Трамп побараа повлекување од неговата тужба со која се оспоруваат резултатите од изборите во САД во Пенсилванија, осслабнувајќи го неговиот адвокатски тим пред големото сослушување во Судот.
Адвокатите го поднеле барањето, додавајќи дека кампањата на Трамп се согласила тие да се повлечат.
Џена Елис, правна советничка во кампањата, вели дека таквата промена во адвокатскиот тим е рутина.
Претседателот во саботата објави дека побарал од градоначалникот Руди Џулијани да го води националниот правен тим, заедно со локален советник. Нашата замена на локалниот адвокат е во согласност со рутинското управување со сложените судски спорови – изјави Елис.
Таа не даде причини за замената, што следеше неколку дена откако реномираната адвокатска фирма Портер Рајт Морис и Артур, исто така, се повлече од случајот.
Федерален судија во Вилијамспорт ќе ги сослуша аргументите во тужбата на Изборниот штаб на Трамп, поднесена на 9 ноември, со која сака да спречи демократот Џо Бајден да биде потврден за победник во претседателската трка.
Правни експерти велат дека судските процеси имаат малку шанси да го променат исходот од изборите, а високи правен советник на Бајден оцени дека станува збор за татралност, а не за судски тужби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.