Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, истакна дека неговата земја не сака да ја напушти Европската унија, но ја нагласи својата намера да се бори за значајни промени во блокот, пишува денеска „Раша тудеј“.

Во говорот пред приврзаниците на неговата партија Фидес во Будимпешта, Орбан рече дека Унгарија воопшто не сака да ја напушти ЕУ.

Осврнувајќи се на минатото на Унгарија, Орбан истакна дека по комунистичката бирократија, Унгарија не сака нови диктати од Брисел.

Премиерот на Унгарија им порача на насобраните дека „нема да се откажат од правото да ги бранат своите граници“, да ги запрат мигрантите и да инсистираат дека бракот во Унгарија е меѓу маж и жена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.