Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со претставници на граничната служба на Унгарија за да го разгледа строгиот сет нови мерки за затворање на границите.
Унгарија забрани влез на сите странци, освен поради неодложни хуманитарни, воени и дипломатски цели, како и поради бизнис транзит, со цел да го спречи очекуваниот втор бран на болеста.
Мораме да го спречиме прелевањето на вирусот од другите држави. Се уште имаме време да го спречиме вториот бран, но мораме да дејствуваме обединети како што делувавме при почетокот на епидемијата – изјави Орбан.
Сите унгарски државјани кои се враќаат од странство ќе мора да поминат две недели под карантин – освен доколку добијат негативни резултати на два последователни корона тестови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.