Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска истакна дека четвртиот бран на коронавирус е неизбежен и ги повика граѓаните да се вакцинираат.
Орбан истакнал дека „вакцината против Ковид-19 е слична како полиса за животно осигурување“ и додал дека викендов ќе ја прими третата доза вакцина.
Четвртиот бран на пандемијата наскоро ќе дојде во Унгарија, вели Орбан кој наведува дека 59 проценти од Унгарците се вакцинирани против Ковид-19.
Орбан го повика населението да се вакцинира и предупреди дека делта варијантата на вирусот е далеку поагресивна од претходните мутации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.