Премиерот на Унгарија Виктор Орбан распишува референдум за Законот за ЛГБТК заедницата, односно за прашањата за заштита на децата.
Референдумот треба да се одржи поради борбата против притисокот на Европската унија да ги измени неодамнешните амандмани на законите за образование и заштита на децата.
Во изминатите недели, Брисел очевидно ја нападна Унгарија преку законот за заштита на децата. Унгарските закони не дозволуваат сексуална пропаганда во градинки, училишта, на телевизија и во реклами, истакна Орбан во видео снимка на Фејсбук.
Ова е колонијален пристап. Тие едноставно не размислуваат што можат, а што не можат да кажат за друга нација и законите на друга земја, изјави тогаш Орбан за едно радио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.