Унгарија ја доби првата битка против коронавирусот, но треба да се подготви за потенцијален втор бран на епидемијата во октомври и ноември – изјави денеска премиерот на земјата Виктор Орбан.

Тој рече дека ширењето на вирусот ќе забави во текот на летото, но дека земјата се подготвува да го одбие следниот напад, објави МТИ.

Ние развивме методи за контрола на вирусот и да добиеме на време – рече Орбан, додавајќи дека здравствениот систем се подготвува за кризата.

Тој посочи дека вирусот не е елиминиран.

Орбан рече дека мерките во главниот град ќе попуштат само ако се намали бројот на починати во Будимпешта, во која се пријавени 80 отсто од смртните случаи на Унгарија.

Ако се намали стапката на смртност во Будимпешта, владата нема да се двоуми да им овозможи на граѓаните на главниот град да се вратат во нормален живот – рече Орбан.

Унгарија ќе намали многу рестриктивни мерки во руралните области од понеделник, пренесува Ројтерс.

Во Унгарија од вирусот корона умреле 323 лица, додека 2.863 се заразени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.