Правните мерки против Унгарија, која ги покрена Европската комисија поради законот за кој смета дека дискриминаторски кон ЛГБТ заедницата, се срамотни еднакви на „правен хулиганизам“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за државното радио.

Акциите против Унгарија се поврзани со новиот закон со кој се забранува во училиштата да се користи учебен материјал преку кој се промовира хомосексуалност.

Не можеме да дозволиме сексуалното лоби да влезе во нашите училишта. Брисел не приморува на нешто што ние не го сакаме – вели Орбан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.