Животот во унгарските села наскоро кје биде со сличен квалитет како да се живее во главниот град, вети унгарскиот премиер Виктор Орбан, предупредувајќи дека досега селото било главен губитник во распределбата на јавните ресурси и инвестициите. За да се смени оваа состојба, Орбан го задолжи поранешниот министер за земјоделие Шандор Фазекаш да изработи стратегија за рурална Унгарија.

Од 2010 година работиме да ги кренеме руралните заедници на нозе, инвестираме многу во земјоделието и селата и наскоро квалитетот на живот на село ќе биде сличен квалитет како да живеете во главниот град, изјави Орбан.

Велејкји дека земјоделецот е архетип на вистинскиот Унгарец, Орбан рече дека сака земјоделците да имаат можност да преземат одговорност за своите животи. Тој подвлече дека многу членови во неговата влада доаѓаат од руралните заедници и со тоа придонесуваат кон поинаков начин на размислување во центарот на власта во Будимпешта.

Премиерот се осврна на реформите на земјоделскиот сектор по падот на комунизмот, со кои, по долги расправии, земјоделската земја се подели така што 20 проценти сега е под поголеми имоти, додека 80 проценти е поделена на мали земјоделци. Орбан рече дека на земјоделието му е потребна предвидливост за да може да биде профитабилно и да го зголеми произвоството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.