Унгарската владејачка партија Фидес повеќе не го поддржува кандидатот на конзервативците, Манфред Вебер, за иден претседател на Европската комисија, изјави вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Унгарскиот премиер го избира унгарскиот народ… Вебер рече дека не сака да биде претседател на Комисијата со гласовите на Унгарците, истакна Виктор Орбан на прес-конференциајта со австрискиот заменик канцелар Хајнц-Кристијан Страхе.
Тој додаде дека овој потег на ја исклучува секоја натамошна поддршка за Вебер, таканаречен „шпоцен кандидат“ на европските конзервативци за челното место во Европската комисија.
Орбан оцени дека изјавите на Вебер се навреда за Унгарците, но не сугерираше на кој друг кандидат Фидес би можело да му даде поддршка.
Европската унија сѐ уште се придржува до германскиот модел на избори на челниците лица на главните институции, и покрај многуте противења во рамките на главните пратенички групи во Европскиот парламент.
Гладајќи ја кампањата на водечките кандидати, тие ме убедија дека ниеден од нив не е подготвен за работата на челник на Космисијата, оцени Орбан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.