Oва е 66-ти ден од објавувањето на заканата од коронавирусот. Можам да ви соопштам добра вест дека ја добивме првата битка со епидемијата, се наведува во видео пораката на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој вели дека прогласиле голема победа и тоа сега не е само надеж или желба за само-охрабрување туку факт.
Бројот на заразени лица е мал и бројот на новодијагностицирани е исто така значително мал. Тоа е така затоа што навреме ја донесовме секоја неопходна одлука, затоа што сите се однесувавме одговорно, луѓето низ целата земја, луѓето во Будимпешта, секој поединец, секое семејство, постарите лица и помладите. Ви благодариме за тоа! За време на денешните работни средби стана јасно дека добро се справуваме и со епидемијата во Будимпешта. Така што и таму, иако внимателно, можеме да преминеме на втората фаза на одбрана. Се укинуваат рестрикциите за движење и главниот град секогаш ќе ги следи мерките во остатокот од земјата со задоцнување од две недели. Одговорното однесување и социјалното дистанцирање се особено важни за Будимпешта. Ги повикувам градоначалниците сериозно да ги сфатат ризиците и да обратат особено внимание на домовите за стари лица. Ајде Будимешта!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.