Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс ја посети Унгарија, и учествуваше на големиот Демографски Самит организиран од премиерот Виктор Орбан.
На самитот, лидери од средна Европа и од светот дискутираа за тешката демографска состојба во Европа, и како таа се одразува на политиката и економијата на европските земји.
Од една страна, мулти-генерациските семејства исчезнаа во Европа како што жените станаа дел од пазарот на трудот. Тоа доведе до огромен економски подем, но исто така ги доведе жените во ситуација да работат во делот од животот кога имаат најголеми шанси за започнување на семејство. Овој тренд мора да се прекине, но тоа ќе биде доста тешко. Лесно е да им даваме пари на семејствата. Но, тоа ја гуши економијата и на крајот на краиштата ги уништува семејствата. Мораме да најдеме начин да ги зајакнеме семејствата и во исто време да ја зајакнеме економијата, изјави Орбан.
Во светот кризите се менуваат една по една, а меѓу нив е и криза која задира во срцето на нашата цивилизација – ерозијата на семејството, обележана со намалување на бројот на бракови, раст на разводот и широкораспространите абортуси. Ние знаеме дека силни општества произлегуваат од силни семејства, а од силни општества добиваме силни нации. Ако сакаме нашата цивилизација да биде успешна и да ги пренесеме правата, слободите и вредностите кои ги дцениме на идните генерации, наш највисок приоритет мора да биде да ги обновиме и зајакнеме семејствата, изјави потпретседателот Пенс.
На самитот учествуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Словенија Јанез Јанша, премиерот на Чешка Андреј Бабиш и Милорад Додик, претседател на Република Српска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.