Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ги предводи средно-европските земји во нивниот заеднички настап во преговорите за пакетот помош за борба против корона вирусот, изјави дека нема да прифати Холандија да им кажува на унгарските граѓани како да ги трошат своите пари.

Холандија ја предводи помалата група држави членки на ЕУ, во која се и Данска и Австрија, кои бараат пакетот за помош да биде далеку помал од моментално предвидените 450 милијарди евра.

Холанѓаните не можат да ни кажат како да ги трошиме нашите пари. Само Унгарците може да кажат како ќе се трошат унгарските пари, изјави Орбан.

Вишеградските земји, кои ги предводи Унгарија, се согласни со поголем пакет на помош, но бараат тој да биде правично распореден меѓу земјите членки. Во таа насока, унгарскиот Парламент донесе резолуција која го обврзува премиерот Орбан да ги следи основните принципи на правичност при договарањето на пакетот за помош.

Говорејќи пред новинарите во Брисел, премиерот Орбан кажа дека ЕУ е соочена со сериозна економска криза и оттаму одговорот треба да биде соодветен. Тој изрази надеж дека договор може да се постигне уште денес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.