На Европскиот парламент му е потребна свежа крв, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, алудирајќи на европските парламентарни избори во 2019 година.

Можам да видам крајни знаци на умор – изјавил Орбан и додал дека ќе има нови пратеници после изборите за ЕП и оти верува дека квалитетот на демократија ќе се подобри.

Во изјава за радиото „Кошут“, Орбан коментирајќи го прашањето за мигрантските визи изјавил дека е смешно тоа што тие го повторуваат гласањето за мигрантските визи во ЕП за да обезбедат резултат како што им одговара на “бирократите“, пренесува МТИ.

Тој додал дека човек се прашува зошто тоа го толерираат пратениците кои се таму испратени за да ги претставуваат интересите на граѓаните.

Ниту една демократија не е перфектна, вклучувајќи ја демократијата во Унгарија, но демократијата во Брисел е уште подалеку од совршена, изјавил Орбан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.