Унгарскиот премиер Виктор Орбан  смисли план што би требало да ги поттикне жителките на оваа европска земја да раѓаат деца.

Неговиот план вклучува доживотно даночно олеснување за жените кои ќе родат четири или повеќе деца. Жените помлади од 40 години, при склучување на прв брак можат да добијат заем од околу 32,578 евра. Една третина од заемот ќе биде простен, кога таа ќе роди друго дете, а целиот долг ќе биде отпишан ако роди трето дете.

„Тоа е одговор на унгарскиот народ, а не на миграцијата“, рекол Орбан, кој е татко на пет деца, во неговиот говор за состојбата на нацијата, поздравен со голем аплауз и воодушевување.

„Со тие пари, јас и мојот партнер конечно можеме да размислуваме за купување стан“, рекла 24-годишна Унгарка, наставничка во Будимпешта и мајка на мало девојче. Таа додала дека планираат братче или сестриче, а сега може да имаат две или дури и три деца.

Дел од експертите и натаму се скептични дека владината мерка долгорочно ќе има низок степен на наталитет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.