Турција игра клучна улога во запирањето на милиони мигранти на патот кон Унгарија и Европа, иако унгарската опозиција не може или нема да го разбере тоа. Секој обид за отстранување на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган би бил во интерес на „миграциските сили“- рече унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју по посетата на Ердоган на Будимпешта.
Подривајќи ја силата, рамнотежата, безбедноста, сигурноста и редот на Турција, промиграциските сили сакаат да го остварат својот сон милиони мигранти да ја преплават Европа – рече Орбан, додавајќи дека американскиот финансиер Џорџ Сорос поставил таква цел, тврдејќи дека Европа има потреба од прилив на еден милион мигранти годишно, пренесува МТИ.
Сè додека Ердоган е на власт и Европа може да постигне договор со него, тој ќе ги отвори портите кон Сирија, а не кон Европа. Дотогаш сме безбедни – рече Орбан.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на посетата на Будимпешта рече дека Турција ќе мора да ја отвори вратата за Европа за сириските бегалци, ако Брисел не ѝ даде на Анкара доволна поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.