Унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ понуди на Западна Европа, доколку сака, отворање коридор за илегални мигранти.

Ако ви требаат, земете ги, изјави Орбан во интервју за унгарското радио.

Тој оцени и дека мигрантите „увезуваат“ различни видови на коронавирусот во Европа. Како што појасни, миграциите прават пандемијата да се шири побрзо преку мигрантите, пренесува МТИ.

Орбан додаде дека Унгарија е подготвена да отвори коридор за мигрантите кои одат во Австрија, Германија и Шведска и одби да му дозволи на Брисел да го наметнува своето мислење на Унгарија.

Останува на Унгарците да одлучат кому да му биде дозволен влез во земјата и со кого сакаат да живеат, заклучи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.