Унгарија ќе мора да примени сила на својата јужна граница со Србија за да ја заштити границата со Европската Унија, доколку Турција го оствари заканувањето дека ќе ја отвори вратата за бегалците кон Европа – изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан рече дека 90.000 луѓе во моментот се обидувале да стигнат до ЕУ преку „балканската рута“, додавајќи дека нивниот број наскоро ќе се зголеми на 100.000.
Ако Турција ослободи уште стотици илјади мигранти, ќе мораме да употребиме сила за да ги заштитиме унгарската граница и српско-унгарската граница – рече Орбан.
Орбан предупреди дека сегашната состојба во Сирија наскоро може да има последици и за Унгарија, чии граници се воедно и граници на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.