Автомобилски гигант „Опел“ најави дека е подготвен да го рестартира производството во фабриката во Сентготхард, западна Унгарија, откако ги засили мерките за заштита од коронавирусот.

Рестартирање ќе зависи од состојбата на пазарот на автомобилска индустрија и евентуални дополнителни ограничувања во борбата со ширењето на коронавирусот – изјави портпаролот на фабриката за МТИ, пренесува „Хангари тудеј“.

Работничкиот совет на фабриката, синдикатите и претставниците за безбедност на работа го поддржуваат рестартирањето на фабриката по спроведувањето на мерките за здравствена безбедност, вели портпаролот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.