Официјална Москва објави дека екипажи на руски борбени ловци Су-30 пресретнале американски патролен авион Боинг П-8 Посејдон над Црното Море.
Од рускиот Центар за контрола на националната одбрана, потврдуваат дека ловците го идентификувале американскиот авион како .
Радарските станици открија воздушна цел што се приближува до руската државна граница, а ловците Су-30 на поморската авијација и воздушно-одбранбените сили за брзи реакции на Црноморската флота брзо ја идентификуваа целта – соопштија од Центарот.
Оттаму додаваат дека по пресретнувањето, на авионот не му било дозволено да ја наруши руската државна граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.