Онлајн продавница во САД на Амазон повеќе од една недела продавала лажни картончиња за вакцинација. Картончињата се продавале по цена од 13 долари.
Нелегалната продажба се вршела и во бизниси во Калифорнија и Њујорк, но и на други места на интернет.
Вакцините против Ковид-19 во САД се добиваат бесплатно. Медицинското лице кое ја спроведува имунизацијата издава и картонче со лого и печат на ЦДЦ (државните Центри за контрола и спречување на заболувања) и стикер со датум кога биле примени вакцините.
Картончето им се дава на Американците како единствен официјален доказ за брза потврда за извршена имунизација. Федералната трговска комисија на САД веќе предупреди дека измамниците заработуваат со продажба на лажни документи за имунизација од Ковид-19.
Во меѓувреме, покрај Амазон, се појавија и други сајтови за продажба на картончиња за вакцинација како Етси, јавија дел од американските медиуми. Сето ова е дел од црниот пазар за лажни картониња за вакцинација кои во САД се појавуваат во време кога пандемијата стивнува.
Според Федералното биро за истраги (ФБИ), лажните картички за вакцинација не само што влијаат негативно врз јавното здравје туку се и незаконски. Оттаму велат дека неавторизирана употреба на печат на официјална владина агенција се казнува парично или со затвор.
Со лажно претставување дака сте вакцинирани кога влегувате во училишта, јавен транспорт, на работа, во фитнес центри или верски објекти, се ставате себеси и тие околу вас во ризик да се заразите од Ковид-19 – предупредија од ФБИ.
Министерството за правда и безбедносните агенции веќе ги контактираа веб-странците каде што се продаваат лажи картониња за имунизација да ги отстранат таквите понуди од нивните платформи.
Сопственик на бар во Калифирнија и поранешен вработен во аптека на „Си-ви-ес“ од Њујорк минатиот месец беа обвинети за фалсификување државни документи и здравствени податоци откако се дозна дека продавале картончиња за имунизација против Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.