Канцеларијата на ОН за човекови права предупреди дека Владите ширум светот треба итно да воведат мораториум за продажба и употреба на системи за вештачка интелигенција, кои претставуваат закана за граѓанските и човековите права, додека не се воспостават механизми да ги заштитат тие права.
Ризикот од дискриминација поврзан со одлуки базирани на употреба на вештачка интелигенција, што може да промени, дефинира или оштети човечки животи, е премногу реален – се наведува во извештај на високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет.
Вештачката интелигенција обично вклучува апликации во кои адаптивниот софтвер анализира огромни количества податоци, извлекува заклучоци од нив и донесува одлуки.
Сега треба да се преземат мерки за вклучување на заштитни механизми во користењето на вештачката интелигенција во корист на сите нас – додаде Бачелет.
Европската комисија предложи прописи за употреба на вештачка интелигенција во април, врз основа на принципот „колку е поголема потенцијалната опасност, толку се построги прописите“ и тој пристап треба да се усвои во идните глобални стандарди, сугерираат ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.