Британскиот министер за здравство Саџид Џавид, предупреди дека новиот сој на корона вирусот Омикрон се шири со исклучителна брзина, така што луѓето треба да добијат дополнителна доза од вакцините.
Џавид информира дека досега нема потврдени смртни случаи во Англија, но додаде дека околу 40 отсто од заразените во Лондон се со Омикрон и дека здравствените институции ќе бидат преоптоварени доколку владата не преземе мерки.
Она што го знаеме за Омикрон е дека се шири со исклучителна брзина, нешто што досега не сме го виделе, на секои два или три дена бројот на заразени се удвојува. Тоа значи дека се соочуваме со бран на инфекција, повторно сме во трка меѓу вакцини и вируси – изјави Џавид за „Скај њуз“.
Претходно, во телевизиска изјава, британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека секој постар од 18 години ќе може да добие трета доза од вакцината до крајот на овој месец. Претходната цел беше крајот на јануари.
Се плашам дека сега е јасно дека две дози вакцина едноставно не се доволни за да го обезбедат нивото на заштита што ни треба – изјави Џонсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.