Владата на Велика Бртитанија, предводена од Борис Џонсон, е поделена околу можноста за воведување нов карантин. Неколку министри во владата го притискаат Џонсон да не дозволи генерално затворање, иако бројот на починати од омикрон варијантата на корона вирусот се искачи на 12.

Заменик-премиерот Доминик Раб, истакна дека во моментов, најдобра опција е владиниот план за зголемени рестрикции без карантин, но додаде дека не може да се гарантира дека во иднина нема да бидат преземени и понатамошни рестриктивни мерки.

Раб додаде дека Владата чека детална анализа за сериозноста на заразата со омикрон варијантата, која, според Раб, веќе предизвикала 104 хоспитализации и 12 пичинати во земјата, додека бројот на заразени се шири експоненцијално.

Според весникот „Тајмс“, главниот научен советник на британската влада, Патрик Валанс за време на викендот им порачал на министрите дека новите рестрикции треба да бидат донесени што е можно порано за да се спречи колапс на британскиот здравствен систем.

Неговите предупредувања се дека доколку не биде преземена беза акција, би можело да дојде до дневен пораст од 3.000 нови пациенти на кои ќе им биде неопходна медицинска нега.

Сепак, како што пишува „Тајмс“, околку една третина од британските министри се спротивставуваат на новите рестрикции и изразуваат резерва во однос на точноста на истражувањето.

Министерот за финансии, Риси Сунак, кој е еден од десетте членови на владата кои се спротивставуваат на предбожиќните рестрикции, предлага да се причека додека податоците не бидат целосно јасни и предложи да бидат разгледани повеќе модели пред да биде донесена одлука.

И самиот Џонсон е против воведување дополнителни рестрикции, затоа што, како посочи, верува оти граѓаните самите преземаат мерки и во голем број примаат бустр доза од вакцините против Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.