Американските авиокoмпании откажаа уште 800 домашни и странски летови, откако вчера и на католички Божиќ беа откажани илјадници летови.

Откажувањата доаѓаат поради брзото ширење на омикрон сојот на корона вирусот, при што пилотите и членовите на екпажите одат во карантин. Во меѓувреме, патниците кои сепак се одлучија да патуваат користат друг вид на транспорт.

Вредноста на акциите на авиокомпаниите како „Американ ерлајнс“, „Јунајтед ерлајнс“, „Делта ер лајн“ и „Саутвест ерлајнс“ денеска се намали за два до три отсто.

За време на божиќните празници бројот на откажани летови изнесува 3.000.

Во некои региони на САД ситуацијата се влоши и поради лошото време.

Поради таквиот развој на состојбата настрадаа и крузерските компании. Поради заразени со Ковид-19 прекинати се пловењата на три големи крузерски компании.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.