Очекуваме омикрон да стане доминантна варијанта во Лондон во следните 48 часа, предупреди британскиот министер за здравство Саџид Џавид, пренесе Индекс.хр.
Омикрон сочинува 20 отсто од случаите во Англија и 44 отсто во Лондон. Ниту една варијанта на Ковид-19 не се проширила толку брзо, рече Џавид, пренесува „ABC News“.
Хоспитализациите и смртните случаи доцнат околу две недели зад бројот на заразени, така што можеме да очекуваме тие бројки драматично да се зголемат во деновите и неделите што следат, додава тој.
Едно лице во Велика Британија почина од ефектите на инфекција со омикрон. Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека новата варијанта резултирала и со приеми во болница.
Значи, мислам дека треба да ја оставиме настрана идејата дека ова е на некој начин поблага верзија на вирусот и треба да го препознаеме брзото темпо со кое тој се шири низ населението, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.