Кандидатот на германските социјалдемократи за канцелар, Олаф Шолц, чија партија освои тесно мнозинство на вчерашните парламентарни избори, оцени дека конзервативците треба да заминат во опозиција, бидејќи тие завршија на второ место според изборниот резултат.
ЦДУ и ЦСУ (Христијанско-демократската унија и сестринската Христијанско-социјална унија) не само што ги загубија гласовите, тие всушност добија порака од граѓаните дека повеќе не треба да бидат во владата, туку во опозиција. Гласачите јасно кажаа дека следната влада треба да се формира со зајакнување од трите партии – социјалдемократите, екологистите и либералите на ФДП – нагласи 63-годишниот Шолц, кој е актуелен вицеканцелар и министер за финансии во владата во заминување на Ангела Меркел.
Конзервативците веруваат дека и тие би можеле да формираат нова коалициска влада, иако на вчерашните избори го постигнаа својот историски најлош резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.