Граѓаните на САД досега примиле повеќе од 300 милиони дози од вакцините против корона вирусот.
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави дека околу 63,5 проценти од сите возрасни лица во САД примиле барем прва доза на вакцина, додека над 52 проценти од оние над 18 години се целосно вакцинирани.
Американскиот претседател, Џо Бајден, во мај изјави дека неговата администрација планира да вакцинира 70 проценти од возрасните со најмалку една доза до 4 јули, кога се слави Денот на независноста.
Во групата со повисок ризик на луѓе на возраст од 65 години и постари, 86,3 проценти ја примиле првата доза, а 75,5 проценти се целосно вакцинирани.
Од почетокот на вакцинацијата во средината на декември лани, повеќе од 301 милиони дози се дистрибуирани во САД, каде што живеат 330 милиони жители. Од почетокот на пандемијата, земјата бележи најголем број на заразени луѓе во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.