Европското регулаторно тело за лекови ЕМА денеска препорача вакцина против Ковид-19 од фармацевтските компании Фајзер и БионТек.

ЕМА препорача Европската комисија сега да додели условно одобрение за ставање во промет на вакцината, што треба да се случи за два дена.

Дистрибуцијата на првите вакцини против Ковид-19 меѓу земјите-членки на ЕУ би започнала во исто време – на 26 декември, а вакцинациите еден ден подоцна.

ЕУ потенцира дека условите за вакцинација ќе зависат од националните стратегии на земјите-членки



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.