Заменик шефот на руската дипломатија, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва и Вашингтон се во контакт во врска со кибер нападот врз најголемиот производител на месо во светот, компанијата „ЈБС“.

Стејт департментот и нашата амбасада во Вашингтон имаа разговор. Американската администрација е во контакт со руската Влада во врска со кибер нападот, како што вчера изјави заменик портпаролот на Белата куќа, Керин Жан-Пјер – изјави Рјабков.

Бразилската компанија „ЈБС СА“ во неделата соопшти дека нејзините филијали во Австралија и Cеверна Америка биле цел на напад на организиран кибер-напад врз нивните информативни системи.

Прес-службата на Белата куќа вчера соопшти дека „ЈБС“ ја информирала американската Влада за кибер нападот и барањето за откуп од криминалната организација што наводно се наоѓа во Русија.

Американската администрација соопшти дека е во контакт со руските власти во врска со кибер-нападот.

Претседателот и извршен директор на „ЈБС УСА“, Андре Ногера, изјави дека експертите на нивната компанија постигнале значителен напредок во борбата против кибер-нападите и дека од денеска повеќето фабрики ќе продолжат со нормална работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.