Русија ги поддржува сите иницијативи кои можат да го поттикнат дијалогот меѓу Брисел и Москва, откако такви предлози пристигнаа од лидерите на Европската Унија.

Позитивно ги оценуваме такви иницијативи. Рускиот претседател Владимир Путин го поддржува создавањето механизам за дијалог и контакти меѓу Брисел и Москва – порача портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европската Унија треба да побара директен дијалог со Русија, а бројни медиуми објавија дека ЕУ може да разгледа формат за евентуален самит меѓу лидерите на Унијата и рускиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.