Портпаролот на германската влада, Стивен Зајберт, изјави дека неговата влада не била вклучена во блокирањето на Јутјуб каналот на руската државна телевизија РТ на германски јазик.
Тоа е одлука на Јутјуб, врз основа на правилата создадени од Јутјуб и не е мерка од германската влада или други официјални организации – изјави Зајберт.
Русија претходно се закани дека ќе го блокира Јутјуб во земјата откако каналите на германски јазик на РТ беа избришани од услугата поради наводна дезинформација за Ковид-19.
Официјална Москва исто така објави дека ја разгледува можноста за одмазда против германските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.