Шефот на пратеничкиот клуб на Народната партија на Австрија (ОВП) и поранешен премиер, Себастијан Курц, ќе остане без пратеничкиот имунитет со одлука на надлежната Комисија на австрискиот Парламент.

По ваквата одлука, само формално прашање е донесувањето на одлуката за укинување на пратеничкиот имунитет на поранешниот канцелар на собраниската седница в четврток.

Укинување на имунитетот на Курц побара Обвинителството за економски криминал и корупција, кое води истрага против поранешниот Канцелар за проневера и поткуп. Обвинителството од петок ќе може да ја продолжи истрагата.

По одлуката на собраниската комисија, Курц изрази задоволство, нагласувајќи дека сега може да работи на докажување дека станува збор за неточни обвинувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.