Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, соопшти дека турската вакцина против Ковид-19, „Турковак“, е одобрена од турските власти за итна употреба и ќе почне да се користи од следниот викенд.
Коџа веста ја соопшти од фабрика во југоисточниот округ Шанлиурфа, каде што се произведува „Турковак“.
Наскоро ќе почнеме со масовно производство на вакцината – истакна Коџа, додавајќи дека Турција ќе биде една од деветте земји кои развиле вакцина против корона вирусот.
Турција почна да ја развива вакцината „Турковак“ оваа година, но нејзиното пуштање во употреба беше одложeно неколку пати. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган најави дека Турција ќе ја направи вакцината достапна на светско ниво.
Турција веќе аплицира над 125 милиони дози од кинеската вакцина „Синовак“ и „Фајзер“, при што повеќе од 51 милион луѓе примиле две дози. Земјата, исто така, почна со примање бустер дози.
Турција неодамна потврди околу 20.000 нови случаи на инфекција и околу 200 смртни случаи дневно од Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.