Италијанскиот Сенат одобри предлог закон со кој се класифицира мигрена и тешка главоболка како болести што предизвикуваат инвалидитет, пишува италијанскиот весник „Манифесто“.

Повеќе од 26 милиони Италијанци страдаат од главоболка, од кои 75 проценти се жени, а осум милиони страдаат од хронична мигрена.

Оние кои страдаат од мигрена имаат комплициран живот и честопати не им се верува. Земаат лекови против болки, кои немаат долгорочни ефекти, а сето тоа го чини пациентот најмалку 2.600 евра годишно, не сметајќи ги тешките ефекти во личниот и професионалниот живот”, изјави за весникот сенаторката Паола Болдриним која е еден од потписниците на законот.

Со тој закон, мигрената ќе биде призната, на национално ниво, како болест што предизвикува инвалидитет, што е прв чекор за точна дијагноза преку специјализирани центри што се отвораат низ цела Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.