Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на ковид-19 по пројавените симптоми и направениот тест, соопштија од неговиот кабинет, пренесува politico.eu.
Тој ќе продолжи да работи и да ги извршува своите активности од далечина, се вели во дописот и се додава дека Макрон ќе се самоизолира во наредните седум дена.
Макрон, во средата, претседаваше со неделниот состанок на владата и беше домаќин на португалскиот премиер, Антонио Коста на работен ручек пред португалското претседателство со Советот на Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.