Луксембург од први март ќе стане првата земја во светот каде јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен.Целта е да се поттикнат луѓето да се откажат од автомобилите.
Патниците ќе треба да приложат само документ за идентификација за да ги користат автобусите, трамваите и возовите во земјата.
Покрај оваа мерка, министерството за транспорт се залага и за поефикасна и помодерна мрежа на јавен превоз во наредните години за да го направи поатрактивен. Луксембург е една од земјите во Европа каде стапката на автомобилисти е највисока.
Бесплатниот јавен превоз беше едно од ветувањата на владината коалиција, мерката ќе ја чини 41 милион евра годишна и ќе се финансира од даноци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.