Италијанскиот премиер Џузепе Конте денес потпиша нов пакет антикорона мерки, меѓу кои е и ограничувањето на работното време на кафулињата и рестораните до 18 часот. Одлуката на Конте исто така значи дека се затвораат кина, театри, фитнес-сали, базени, ски-центри, концертни сали, објекти за саеми и конференциски сали. Музеите остануваат отворени, но со ограничен број посетители.
Од полноќ до пет наутро во Рим важи полициски час. Може да се движат само оние кои одат на работа или во болница. Некои од римските плоштади каде што се собираа најмногу луѓе се заградени или затворени.
Рестораните, слаткарниците и баровите ќе работат до 18 часот.Во некои градови преку викенд ќе бидат затворени и трговските центри. Забранети се прослави и собирања, а ако дома викате гости не смее повеќе од шест. Уште не е забрането патување од една во друга област, но секојдневно на Италијанците им се препорачува да не патуваат.
Речиси 75 отсто од учениците во средните училишта се префрлаат на онлајн настава.
Новите мерки стапуваат на сила в понеделник, сѐ до 24 ноември. Вчера Италија регистрираше рекордни 19.644 новозаболени од ковид-19, а дневната бројка на починати стигна до 151.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.