Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го прекина одморот и ќе биде итно опериран, соопшти Европската комисија, додавајќи дека тој морал да го прекине одморот во Австрија поради медицински причини, стои во пишаното соопштение од ЕК.
Јункер е префрлен во Луксембург каде итно ќе биде опериран за отстранување на жолчното ќесе, наведуваат од Брисел.
Некогашниот премиер на Луксембург Жан Клод Јункер на чело на ЕК се наоѓа од 2014 година, а мандатот му истекува во октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.