Од кога се појави пред два месеци коронавируст во Вухан, досега во светот починаа 3.000 лица. Во Киина во последните 24 часа починале 42 луѓе.

Смртни случаи од коронавирусот досега имаше во 11 земји. Втората најпогодена земја е Јужна Кореја со 4.212 заразени, при што починале 22 лица, во Иран има повеќе од 50 смртни случаи, а во Италија 34.

КОВИД-19 во изминатите два месеца се прошири во повеќе од 60 земји и зарази речиси 90.000 луѓе. Според Светската здравствена организација, мнозинството пациенти имаат благи симптоми, а стапката на смртност се движи меѓу 2 и 5 проценти.

Стапката на смртност на сезонскиот грип е 0,1 отсто, но е далеку позаразен, па годишно од него умираат до 400.000 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.